ЕДЕН НА ЕДЕН, 300.000 ЕВРА ЗА ЖАРЕ Шоуменот годинава добил 300.000 евра од владини институции
Според владиниот портал за Јавни набавки, фирмата на Димитриевски „Еден на еден“ ДОЕЛ добила 9 тендери од различни институции во висина од 18 милиони денари или 300.000 евра.
Kомпанијата „Еден на еден”, во сопственост на водителот Жарко Димитриевски, само во текот на оваа година добил околу 300.000 евра владини пари, открива порталот Експрес.
Жарко Димитриевски е познат по својата емисија „Еден на еден“.
Според владиниот портал за Јавни набавки, фирмата на Димитриевски „Еден на еден“ ДОЕЛ добила 9 тендери од различни институции во висина од 18 милиони денари или 300.000 евра.
Меѓу владините институции и компании кои му дале тендери на Димитриевски се и Генералниот секретаријат на владата кој го води кумашинот на премиерот Мухамед Зекири, Државна Лотарија и Министерство за финансии, но и Управата за јавни приходи.
Меѓу добиените тендери на неговата фирма има и такви со наслов „Набавка на услуги за двонасочна комуникација”.