ЕДЕН МЕТАР СНЕГ ВО АВСТРИЈА Затрупа куќи и возила

1,536

Снегот кој два дена паѓа на Алпите достигна висина од речиси еден метар.

Иако се очекуваше дека летото ќе трае и во септември, наглиот пад на температурата донесе неочекувани обилни врнежи од снег во некои делови од Европа. Вчера побелеа и планините во регионот. Снег падна во Словенија и Босна и Херцеговина во Јахорина и Бјелашница, а вчераутро имаше снег и на Пелистер.






Како што пишуваат австриските медиуми, оваа година летото скокна директно во зима. Студениот, влажен поларен воздух се прошири низ земјата. Температурите на повеќе места паднаа под 10 степени, а висината на снегот на Алпите, која од вчера континуирано паѓа, на места достигна и над 80 сантиметри.

На социјалните мрежи се појавија неверојатни снимки од источните Алпи во Обертауерн, снегот речиси целосно ги затрупа куќите, а допира и до половината, автомобилите се целосно затрупани.

 

Снег паѓа на надморска височина од 1.500 метри, но границата на врнежи од снег постепено се спушти на 1.100 метри надморска височина. Во вечерните часови снег почна да паѓа веќе на 900 метри и локално паѓа на 700 метри надморска височина и веќе ги зафати алпските градови и не престанува.

Студениот фронт во петокот предизвика рекордно ниски температури за овој период од годината и во Швајцарија, што доведе до затворање на планинските премини.

Поврзани содржини