ЕДЕН МЕСЕЦ СДСМ НИ ДА ГУКНЕ ЗА ГРУБИ Петрушевски бара од Филипче да излезе од сенката на Заев
Венко Филипче не собра храброст да се извини за Артан Груби. Филипче не најде сили да се извини зошто владата на СДСМ која управувала со МВР не презела ништо со години да го спречи неговиот криминал, обвини Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ.
Еден месец СДСМ ни да гукне за Артан Груби, тоа е сѐ уште истата партија која ја водеа Зоран Заев и Димитар Ковачевски, реагираше Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ.
– Венко Филипче не може да излезе од сенката на Заев и Ковачевски, уште дословно се држи до нивните политики и крими коалиции. Венко Филипче не собра храброст да се извини за Артан Груби. Филипче не најде сили да се извини зошто владата на СДСМ која управувала со МВР не презела ништо со години да го спречи неговиот криминал. Венко Филипче и денешниот СДСМ уште го штитат Артан Груби и неговиот политички договор со Заев и Ковачевски. СДСМ е континуитет на криминалите кои 7 години ги правеа. Ако Венко Филипче не најде сили да се извини за Груби целосно ќе го зацементира СДСМ на дното – порача Петрушевски на денешната прес-конференција.