„Еден лудак ќе ме потепаше оти му реков да стави маска во продавница“
Кој знае колку пати на вакви лудаци налетале и кој знае колку пати им вратиле како овој на мене - а да си глеаш ти своја работа, што те боли тебе кај ја држам јас маската!? - напиша Калина Коси на Фејсбук.
Еден лудак во продавница пред малку ќе ме потепаше затоа што најучтиво му реков дека маската треба преку уста да ја носи, а не ко украс на брада, напиша на Фејсбук скопјанката Калина Коси.
„Во моја близина зборуваше додека чекав на ред па затоа се осмелив да реагирам. Продавачките со главите свиткани молчат. Кој знае колку пати на вакви лудаци налетале и кој знае колку пати им вратиле како овој на мене – а да си глеаш ти своја работа, што те боли тебе кај ја држам јас маската!? Е, поради таквите сме кај што сме. Најпаметните од сите, самоволни битанги, кои мислат дека се над сите правила и закони и дека никој ништо не им може. Не само сега, во текот на епидемијава која ги направи видливи, туку воопшто, во општеството. Поради таквите или цупкаме во место или се враќаме назад постојано. И не, таквото дрско и безобразно однесување не е резултат на право, слободен избор, сопствена волја, разлики во верувања и убедувања, тоа е просто и едноставно резултат само на едно нешто – НЕОГРАНИЧЕН ПРОСТАТЛУК И ОПШТА НЕКУЛТУРА“, напиша Калина Коси.