ЕДЕН ЛОВЏИЈА ЗАСТРЕЛАЛ ДРУГ ЛОВЏИЈА Инцидент во кумановското село Габреш
Другиот ловџија починал, а кумановската полиција уште го истражува случајот.
Ловџија застрелал друг ловџија при лов во атарот на селото Габреш, соопшти денеска СВР Куманово, јавува МИА.
– Утрово во 08:00 часот во СВР Куманово педесет и деветгодишниот И.С. од Куманово пријавил дека во село Габреш во месноста Островица, пукајќи во лов го застрелал Ч.Р.(67) од село Лопате. Од страна на Брза помош е констатирано дека лицето починало, а увидот е сè уште во тек – информираа денеска од СВР Куманово.
Од полицијата најавија повеќе информации за случајот по завршување на увидот.