ЕДЕН ИСТЕПАЛ ТАТКО, ДРУГ МАЈКА И СЕСТРА Тинејџери дивеат, ама и родители
И.Д.(42) од кумановско село е приведен затоа што физички ја нападнал својата малолетна ќерка, се наведува во полицискиот билтен.
На 23.03.2024 во 18.45 часот во Кичево, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево го лишиле од слобода А.Х.(19) од Кичево затоа што на 22.03.2024 околу 15.00 часот во семејниот дом физички го нападнал својот 52-годишен татко. По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.
На 23.03.2024 во 13.05 часот, полициски службеници од Полициската станица Чаир лишиле од слобода малолетник од скопско село, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом физички ги нападнал своите мајка и сестра, а оштетил и дел од покуќнината. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде пдонесена соодветна пријава.
На 23.03.2024 во 17.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода И.Д.(42) од кумановско село затоа што физички ја нападнал својата малолетна ќерка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.