Еден друг вид ороспии
Во договор со Фондацијата Ѓорѓи Марјановиќ, Плусинфо повремено ќе преобјавува делови од негови колумни објавени во дневниот весник „Дневник“. На тој начин, освен што ќе ги освежиме сеќавањата на овој исклучителен интелектуалец, сакаме да придонесеме и за активностите на Фондацијата која го продолжува неговото благородно дело.
РЕПРИНТ (Објавено во „Дневник“ на 29.07.1998 година)
Неодамна прочитав нешто што не сум го знаел: дека “духот на поетот сака(л) публика, па макар тоа да се и биволи” (I). Јас не сум поет и никогаш не сум имал потреба од публика. За биволи и да не зборуваме.
Напротив, откако паметам за себе повеќе сакав да бидам сам одошто во глупаво и здодевно друштво. Оваа максима (за која отпосле открив дека ја формулирал Монтењ пред повеќе стотици години) ме раководеше и во моите односи со луѓето, а подоцна, кога фатив да се мешам во политиката, и во тие мои односи со политичките субјекти. Ова е причината што никогаш не настојувам да остварам некаков однос со луѓето што ми се интересни. Оставам или тоа да стане по игра на случајот или, евентуално, тие да ме побараат мене. А ако некој сака да се види со мене, треба да дојде и да ме посети. Обратното ретко се случува. Може да појдам и да посетам само некој стар, изнемоштен или болен човек кој изразил желба да ме види.
На времето, додека сè уште живеевме во старата заедничка татковина, еден ден посака да се види со мене (како претседател на Лигата за демократија) американскиот амбасадор во Белград, г. Зимерман (кому што јас презимето постојано му го изговарав на германски: Цимерман). И, со оглед на тоа што мојата партија тогаш немаше сопствени простории, го поканив и го примив во мојот работен кабинет на Правниот факултет во Скопје. Човекот дојде (со двајца советници) и си направивме долг и исцрпен муабет.
Деновиве, од причини што ми беа наполно непознати, посака да се види со мене една домашна политичка “ѕвезда”, богат човек (сопственик на цел еден весник), некогашен претседателски кандидат итн. итн. Со оглед на тоа што “интересентот” не дефинираше од кои причини (и во кое својство) сака да ме сретне, јас постапив на ист начин како и во случајот со г. Зимерман: го поканив во мојот работен кабинет на факултетот.
Целата колумна прочитајте ја на следниот ЛИНК.
***
Сакате да продолжите со читањето на останатите 319 колумни? Обезбедете си примерок!
Оваа колумна е само една 319-те издадени во збирката наречена едноставно „Колумни“. Оваа книга, како и сите останати во издание на Фондацијата Ѓорѓи Марјановиќ, не се продаваат на „традиционален“ начин. туку се добиваат како благодарност за вашата донација. Финансиските средства обезбедени од донациите ќе бидат употребени за помош при школување и вработување на деца без родители, што е една од стратешките определби на Фондацијата.
Инструкции за нарачување За да ја добиете оваа книга, кликнете на копчето Донирај на следниот ЛИНК и во полето за забелешка наведете ја адресата на која сакате да ви биде доставена книгата. Донирајте износ по Ваш избор во Фондот за школување на Фондацијата Ѓорѓи Марјановиќ, а книгите заедно со автограм од авторот ќе Ви бидат доставени на Вашата домашна адреса. Забелешка: Можете да донирате износ по Ваш избор, но не помал од 1500 ден + поштарина. Поштарината за испорака во Македонија изнесува 130 денари. За испорака надвор од Македонија, контактирајте ја Фондацијата претходно.