ЕДЕН ДЕЗЕРТЕР СТАНУВА, ДРУГ СЕДНУВА ВО ПРЕМИЕРСКАТА ФОТЕЛЈА Милошоски смета дека ни Ковачевски ни Џафери нема да ја направат Македонија успешна

Според Милошоски СДСМ го направила македонскиот народ кираџија во сопствената држава, дозволила „дуизација“, а и Ковачевски и Џафери се „дезертери“. Во своето обраќање Милошоски спомна повеќе корупциски скандали врзани со владината коалиција, спомна повеќе закони кои, како што рече, Џафери ги „протнал“ по брза постапка, обвини дека двајца директори, еден од СДСМ и еден од ДУИ и една веледрогерија се главни неказнети актери во скандалот со скопската клиника за Онкологија.

804

Пратеникот Антонио Милошоски смета дека ниту Димитар Ковачевски ниту Талат Џафери не можат да направат успешна држава од Македонија бидејќи и двајцата се дезертери. На денешната седница во Собранието за избор на техничката влада тој рече дека денеска македонскиот народ кираџија во сопствената држава.

– Еден дезертер ѝ даде оставка, друг дезертер ќе седне во премиерската фотелја. Ниту овој што стана, ниту тој што ќе седне немаат никакви чувства кон Македонија и затоа не очекувајте ниту од Џафери да направи успешна држава од Македонија. Партијата ДУИ нема доволно пратеници за да избере премиер, но денеска Маричиќ и Ковачевски ја продадоа партијата. СДСМ денеска го направија македонскиот народ кираџија во сопствената држава. СДСМ, ЛДП и нивните партнери приредија дуизација, ставајќи го Талат, пријателот на Рамиз Мерко и на Пуцко Петрол на чело. Овој ден е историски – затоа што Македонија има историски најлошо здравство, историски највисока корупција во регионот…20 отсто од жителите на Гостивар се иселија во Европа. Во т.н. Европски фронт она што потсетува на Европа се само зелените евра на провизиите кои тие ги земаат – изјави Милошоски.






Тој потоа посочи неколку корупциски скандали поврзани со ДУИ и, како што рече, „нивните слуги од СДСМ“.

– Законот за минерални суровини Џафери им го завери по брза постапка и други закони. Законот за коцкарници беше протнат преку ред во комисијата за европски прашања. Зелената партија ДУИ стана партија на коцкарници и игри на среќа. Во изминатите години потрошени се 40 милиони евра на коцкарски апарати, за да може Артан Груби да зема огромни провизии од фирмите кои ги прават овие апарати – објаснува Милошоски.

Тој го обвини и Џафери дека не дозволил да заседава Анкетната комисија за случајот со автобуската несреќа со „Беса Транс“ во Бугарија бидејќи директорот на Инспекторатот за транспорт Руфи Хусеини е од ДУИ.

– За „Беса транс“, трагедијата во Бугарија тука во Собранието се побара да се закаже анкетна комисија за човековите права и слободи, 45 државјани на Македонија без нивна вина заради неодговорност на власта ги загубија своите животи. Талат Џафери не дозволи да се закаже анкетната комисија да расправа за нарушени човекови права и за овие жртви. Зошто? Затоа што директорот на Инспекторатот за транспорт, Руфи Хусеини од ДУИ е тој кој треба да сноси одговорност. Како можела оваа компанија и овој автобус да патуваат без добиени лиценци, затоа што го штитат и министерот од СДСМ – подвлече Милошоски.

Според Милошоски Џафери ја попречува работата и на Анкетната комисија која беше формирана за скандалот со скопската Клиника за онкологија.

– Скандалот со Клиниката за онкологија покажа дека СДСМ и ДУИ се прилично уиграни во бизнисот со тенедери. Двајца директори на Онкологија, еден од СДСМ, еден од ДУИ, една позната веледрогерија која ги финансирала и двајцата, но и други министри, останаа неказнети само за да се заштитат провизиите кои им се на прво место пред пациентите. Џафери до последниот момент одбиваше да ги испрати документите од сведочењата и материјалите до Анкетната комисија за случајот во Собранието, сé со цел да се заштитат двата директори во овој морбиден скандал – вели Милошоски.

Потоа тој се осврна на случајот со Државната изборна комисија.

– Кога го слушате Џафери како зборува за фер избори, да ве потсетеам дека за првпат во историјата имаме државна комисија која не е комплетна. Тоа е затоа што Џафери не им дозволи на опозициските партии БЕСА и Алтернатива да добијат член во ДИК, а спроведувач на сценариото беше колешката Марија Ѓеоргиевска од СДСМ која ризикува и кривично да одговара поради ова – обвинува Милошоски.

Сепак, тој смета дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ја порази владината коалиција на следните избори на 8 мај, после кој, како што рече, „ќе го славиме денот на Европа, 9 мај, по што ќе огрее сонце на слободата“. Милошоски објасни дека ВМРО-ДПМНЕ смета дека премиерското место не треба да го има партија која има помал број на пратеници да го изгласа и која е поврзана со најголеми број од скандалите со висока корупција и затоа нема да гласа за изборот на Талат Џафери за премиер на преодната влада.

На почетокот од собраниската седница, по утврдување на редот, мандатарот Талат Џафери имаше сопствено обраќање каде ја објасни прогрмата на техничката влада. Според Џафери, преодната влада нема да го промени правецот.

 

Поврзани содржини