ЕДЕН ДЕТАЉ ГИ ОТКРИ Конечно разоткриена романсата помеѓу Анџелина Џоли и 15 години помладиот музичар

Кога албумот „Dawn FM“ ја здогледа светлината на денот, многумина посебно ги заинтригира песната „Here We Go… Again“.

795

Пред неколку месеци медиумите пласираа приказна дека една од најубавите жени на светот Анџелина Џоли и познатиот рапер Д Викенд се во тајна врска.
Еден детаљ ги разоткрил.

Иако беа фотографирани додека оделе заедно на вечера во познат ресторан во Санта Моника, на многумина оваа вест им била многу чудна за верување.






Особено затоа што потоа актерката била видена со нејзиниот поранешен сопруг Џони Ли Милер кај кого отишла во станот.

Ниту Анџелина, ниту Д Викенд досега не биле расположени да го коментираат својот однос за кој се шпекулира, сѐ досега. Имено, вистината беше раскажана на новиот албум на музичарот кој светот со нетрпение го очекуваше.

Кога албумот „Dawn FM“ ја здогледа светлината на денот, многумина посебно ги заинтригира песната „Here We Go… Again“.

„А, мојата нова девојка, таа е филмска ѕвезда… Си реков дека никогаш повеќе нема да паднам на некого, но еве нѐ повторно, таа е филмска ѕвезда…“ гласи дел од песната што секако е потенцијален доказ за нивната мистериозна врска.

Социјалните мрежи се „вжештија“ од оваа приказна, а не изостануваат ниту коментарите на фановите, тие тоа го сфатија како официјална потврда.

Да потсетиме, Д Викенд и Анџелина првпат беа фотографирани заедно во јавност во Санта Моника кон крајот на јуни оваа година. Потоа, по заминувањето, секој си заминаа дома и веста за нивната врска беше големо изненадување бидејќи претходно не се знаеше дека се пријатели, а камоли нешто повеќе од тоа.

 

Поврзани содржини