Еден ден сте „најамериканска влада“, друг ден се сликате со Вучиќ?!

Мора да завршат вашиот евтин популизам и овие петпарачки контрадикции!

1,504

Нека објаснат овие отворениве од власта како ќе прават Отворен Балкан со Вучиќ и so неговата воена камарила, која на 30 километри од наша граница создава нова воена сотојба?!

Како се продаваат за најпроевропска влада и најамериканска инсталација еден ден, а друг ден ќе се сликаат со Вучиќ, кој работи само во интерес на Москва.






Мора да завршат вашиот евтин популизам и овие петпарачки контрадикции!

Со Бугарија, наместо да се смират страстите, само го подигнавте нивото на тензија и континуирано го понижувате сопствениот народ.

Со Вучиќ пиете вино и се шетате цела влада, додека народ тоне во инфлација и поскапувања.

Се фалите со храна и со струја, храна која скапо ја увезуваме и струја која ќе ја платиме со загадување, болести и со смрт.

Во многу самобендисан филм сте, кој мора да заврши што порано, со болно освестување.

 

(Фејсбук статус на авторот)

Поврзани содржини