ЕДЕН ЧАС ДНЕВНО ЌЕ МИНУВАМЕ ВО МЕТАВЕРЗУМОТ Секој четврт интернетџија ќе биде затекнат

Марти Ресник од Гартнер предвидува дека до 2026 година, 30 отсто, што ќе рече скоро третина, од сите организации во светот ќе имаат производи и услуги дизајнирани за метаверзумот.

213

Секој четврт корисник на интернет до 2026 година ќе минува барем еден час дневно во Метаверзумот, виртуелен простор кој го развива компанијата Мета, односно Фејсбук на Марк Закерберг, вели ново истражување на Гартнер. Освен што луѓето во метаверзумот ќе работат, купуваат, ќе се забавуваат или ќе учат тие ќе разминуваат незаменливи НФТ-токени. Всушност, преку метаверзумот, НФТ ќе се развие во цела мини-економија за која компаниите веќе се спремаат, пишува ДејлиРекорд.

– Продавачите веќе градат начини за корисниците да ги реплицираат нивните животи во дигиталните светови – од посета на виртуелни училници до купување дигитално земјиште и изградба на виртуелни домови, овие активности моментално се спроведуваат во посебни средини – вели Марти Ресник, потпретседател на Гартнер.






Марти предвидува дека до 2026 година, 30 отсто, што ќе рече скоро третина, од сите организации во светот ќе имаат производи и услуги дизајнирани за метаверзумот. Иако е оптимист за брзото ширење на метаверзумот, тој признава дека работите сѐ уште се во рана фаза и дека не треба премногу да се шпекулира.

– Сè уште е рано да се знае кои инвестиции ќе бидат остварливи на долг рок, но менаџерите на производи треба да одвојат време за да учат, истражуваат и да се подготват за метаверзумот за да отпочнат со конкурентна позиција – заклучува тој.

Поврзани содржини