ЕДЕН ЦЕНТАР РАБОТИ ПРОТИВ МАКЕДОНИЈА Томовски со осуда за монтажите против Мицкоски
Додека Мицкоски прави проекти, Венко нуди пожари, додека Владата се бори за развој и правда, креаторите на сликата подолу нудат црнила и лаги. И тоа е еден ист центар, реагира директорот на Службата за општи и заеднички работи Ивица Томовски на монтажата во која премиерот Христојан Мицкоски е обвинет за трагичниот пожар во Кочани.
Директорот на владината Служба за општи и заеднички работи Ивица Томовски на својот профил на Фејсбук реагитра на објавените фотомонтажи и лажни обвинувања кон претседателот на Владата и други функционери во врска со трагичниот настан во Кочани.
„Еден пријател ме праша колку ќе загуби СДС, реков многу. Причините за тоа е фотографијата подолу. Затоа што додека Мицкоски прави проекти, Венко нуди пожари, додека Владата се бори за развој и правда, креаторите на сликата подолу нудат црнила и лаги. И тоа е еден ист центар. Тој центар е против Македонија и се она за што се бориме. Затоа ова е за осуда. А пресудата на народот доаѓа многу бргу“, напиша Томовски во објавата на Фејсбук.