ЕД ШИРАН СНИМА СПОТ НА ХВАР Британскиот пејач е во Хрватска со ѕвездата на „Бриџертон“

Ед Ширан снима нов спот на хрватскиот остров Хвар. Фотографија од познатиот британски музичар објави туристичката заедница на градот Хвар.

383

Фотографија од познатиот британски музичар Ед Ширан кој снима нов спот на хрватскиот остров Хвар, објави туристичката заедница на градот Хвар.

„Ден на снимање“, напишале тие покрај песната на Ед „Shape of You“.






Вечерњи лист пишува дека Ед ја донел со себе на Хвар и актерката Фиби Диневор, ѕвездата од хит серијата на Нетфликс „Бриџертон“, која исто така ќе глуми во спотот. Фиби им е позната на гледачите како главниот лик од првата сезона на серијата, таа ја играше Дафне, најстарата сестра на Бриџертон.

Мештаните откриле за „Вечерњи“ дека дел од снимките се направени во кафулето „Кива“, а дел на плажата Дубовица. На музичарот многу му се допаднале двете локации. Спотот исто така треба да се снима и во Сплит, но сè уште не е познато за која песна станува збор.

Како дел од неговата светска турнеја „+−=÷× Tour“ (Mathematics Tour), Ед Ширан настапи во Хрватска минатата година, на Загребскиот хиподром. Специјален гостин беше британскиот пејач Калум Скот. Концертот привлече околу 70.000 луѓе. Таму Ед презентираше песни од сите пет студиски албуми со симболите + − = ÷ ×, вклучувајќи хитови како што се Castle on the Hill, Shivers, The A Team, Perfect, Bad Habits и многу други.
Се чини дека на Ед му се допаднала Хрватска, па затоа се вратил и оваа година.

Поврзани содржини