🎥 ЕЧАТ ЗУРЛИ И ТАПАНИ, ЧАИР Е НА НОЗЕ! Симпатизерите на Вреди слават победа

Лидерот на Демократско движење, Изет Меџити, кој е дел од здружената албанска опозиција Вреди, на прес-конференција истакна дека Вреди од денеска е новиот сериозен политички фактор кој достоинствено ќе ги застапува Албанците во Македонија.

615

Со огномети, зурли и тапани симпатизерите на опозициските партии на Албанците здружени во коалицијата Вреди вечерва по 20 часот почнаа да слават пред партискиот штаб кој се наоѓа на плоштадот „Скендербег“ на влезот во Старата скопска чаршија, а потоа славјето продолжи низ улиците на населбата Чаир.

Претходно, лидерот на Демократско движење, Изет Меџити, кој е дел од здружената албанска опозиција Вреди, на прес-конференција истакна дека Вреди од денеска е новиот сериозен политички фактор кој достоинствено ќе ги застапува Албанците во Македонија.






Според него, Вреди е апсолутен победник во албанскиот кампус и од утре почнува промената на власта.

– Денес драги Албанци партијата која владееше со институциите 22 години го покажа своето вистинско лице. Партијата која на изборите излезе под името Европски фронт, партијата која 22 години се фалеше како единствен проевропски субјект во државата, партијата која и во оваа кампања зборуваше како многу брзо ќе не интегрира во ЕУ, денес го бојкотираше изборниот процес. Јавно го прашуваме министерот за надворешни работи Бујар Османи кој својот најголем успех го прогласи претседавањето на ОБСЕ како ќе го оправда бојкотот на изборите и примитивното однесување на денот на изборите утре пред меѓународните партнери – рече Меџити.

Поврзани содржини