ЕЦБ: Дури следната година еврозоната ќе се врати во нормала

Во секој случај, гледано од сегашната перспектива, се чини дека економската активност нема да се врати на нивото пред кризата пред 2021 година и закрепнувањето би можело да трае подолго - изјави Лејн.

214

Економијата на еврозоната веројатно нема да се врати на нивото пред пандемијата до идната година, а закрепнувањето би можело да трае подолго, изјави главниот економист на Европската централна банка (ЕЦБ), Филип Лејн.

– Во секој случај, гледано од сегашната перспектива, се чини дека економската активност нема да се врати на нивото пред кризата пред 2021 година и закрепнувањето би можело да трае подолго – изјави Лејн.






Лејн додава дека ЕЦБ континуирано ја следи ситуацијата и е подготвена да ги прилагоди сите инструменти доколку е потребно, вклучително и програмата за итни случаи за време на пандемијата.

Лејн истакна дека доколку ЕЦБ забележи дека условите за финансирање се премногу строги или дека притисокот на одредени пазари на обврзници не ги одразува економските показатели, ќе можат да ја прилагодат вредноста или роковите на набавка на средства, што можат флексибилно да ги распределат со тек на време и сегменти на пазарот.

Од Европската централна банка посебно се фокусирани на анализата пред редовната седница во јуни.

Поврзани содржини