ЕБОР со нова проекција за раст на БДП: Годинава пад од 5, а следната раст од 3,5 отсто
Претходно ЕБОР за земјава прогнозираше пад на нашата економија од 3,5 проценти во 2020 и раст од 5,5 проценти во 2021 година.
Европската банка за обнова и развој предвидува пад на македонскиот домашен бруто производ од 5 отсто годинава. За следната година се очекува раст од 3 отсто.
– Според нашите проекции, годинава ќе има пад на БДП од пет проценти и раст од три проценти следната година, што е слично со останатите земји од Западен Балкан, како и оние со индустриска база во Централна и Источна Еврoпа. Откако имаше раст од близу нула проценти (0,2%) во првиот квартал, БДП се намали речиси за 13% (-12,7%) во вториот квартал, што значеше дека има големи нарушувања во економијата, преку значително намалување на приватната потрошувачка, инвестиции, договорите за извоз и увоз – вели Анди Аранитаси, претставник на Европската банка за обнова и развој во земјава во интервју за МИА.
Претходно ЕБОР за земјава прогнозираше пад на нашата економија од 3,5 проценти во 2020 и раст од 5,5 проценти во 2021 година.
Просечниот пад на економијата на Западен Балкан ќе биде 5,1 отсто, пред се поради колапсот на туристичкиот сектор, нарушувањата во глобалните синџири на снабдување и падот на странските директни инвестиции и дознаките од странство.