ЕБОР овозможи кредит од 4.000.000 евра за конкурентност на малите и средни бизниси

Компаниите по успешно завршување на инвестицијата, ќе се стекнат со право на повратен грант од 15 отсто од вкупната сума на кредитот, обезбеден од Европска Унија.

244

Четири милиони евра од Европската банка за обнова и развој ќе бидат достапни на малите и средни бизниси за инвестиции во конкурентност преку  Охридска банка. Бизнисите ќе можат да добијат техничка помош, вклучувајќи и советодавна поддршка преку ЕБОРПо успешно завршување на инвестицијата, ќе се стекнат со право на повратен грант од 15 отсто од вкупната сума на кредитот, обезбеден од Европска Унија.

Кредитот е дел од Програмата за поддршка на конкурентноста на малите и средните пријатијата  на Западен Балканпреку која ЕБОР обезбедува кредитирање, а Европската Унија која обезбедува техничка помош и грант.






Целта е да им се помогне на малите и средните претпријатија во модернизација на активностите и да се искористат можностите за зголемување на трговијата со Западен Балкан и поширокиот европски пазар.

 -Заедно со ЕУ, преку нашата успешна Програма за поддршка на конкурентноста на МСП, поддржавме над 120 МСП со комбинирано финансирање во износ од над 30 милиони евра и се надеваме дека уште голем број МСП ќе имаат корист од оваа поддршка – изјави Анди Аранитаси, претставник на ЕБОР за Северна Македонија.

Според евроамбасадорот Дејвид Гир пристапот до финансии е основа за идниот раст и развој на малите и средни претпријатија (МСП) во Северна Македонија.

ЕБОР досега во земјава има инвестирано над 2,14 милијарди евра во преку 145 проект.

 

Поврзани содржини