ЏЕЈ ЗИ НАПРАВИЛ СМЕТКА ОД 90.000 ДОЛАРИ Луѓето бесни поради бакшишот од 11.000 долари, малку е!

Џеј Зи и друштвото славеле во клубот „Плејрум“ каде, според медиумските извештаи, оставиле сметка од 91.135 долари, главно за шампањ „Ace of Spades“ - кој, патем, е негов бренд.

439

Музичарот Џеј Зи можеби е милијардер, но дури ниту тоа не го спасува од интернет критиките за – парите. Имено, уште во 2018 година, тој го прослави роденденот на својот пријател Хуан „ОГ“ Перез, претседател на Roc Nation Sports, со вечера и славење во њујоршките клубови.

Вечерата во еден њујоршки ресторан наводно чинела 13.000 долари, по што следувала сметка за бар од 9.000 долари. Но, вистинското шоу допрва доаѓа – Џеј Зи и друштвото завршиле во клубот „Плејрум“ каде, според медиумските извештаи, оставиле сметка од 91.135 долари, главно за шампањ „Ace of Spades“ – кој, патем, е негов бренд.






На таа сума бил додаден и бакшиш од 11.000 долари. Звучи лудо? Да. Доволно? Интернет вели: не. „11.000 од 91.000? Тоа не се ниту 15 отсто“. „Ако Џеј Зи дава 15 отсто, како јас да дадам 20 отсто со мојата плата?“ „Не излегувај ако не знаеш да даваш бакшиш.“

На социјалната мрежа Икс (порано Твитер) веднаш се отвори дебата – колку е доволно кога си милијардер?

Друг дел од интернетот беше згрозен од критиките. „Во каков свет живееме кога некој добива бакшиш од 11.000 долари и тоа е проблем?“ „Келнерката доби 11.000 долари за вечер, а вие се лутите затоа што не се 20 отсто? Излезете надвор.“

 

Поврзани содржини