ЌЕ ЗГРЕШИШ АКО МИ СТАВИШ САНКЦИИ Путин 50 минути му зборувал на Бајден
Путин го предупредил својот американски колега Џо Бајден и дека санкциите би можеле да доведат до целосен прекин на односите меѓу двете земји.
„Колосална грешка“ би биле евентуалните санкции на Западот кон Русија, телефонски му рекол претседателот Владимир Путин на американскиот челник Џо Бајден во вчерашниот 50-минутен разговор, пишува Би-Би-Си. Бајден, во меѓувреме, му рече на Путин дека САД и нивните сојузници решително ќе одговорат на каква било инвазија на Украина.
Повикот, побаран од Русија, беше втор таков разговор месецов и траеше речиси еден час. Путин го предупредил својот американски колега Џо Бајден и дека санкциите би можеле да доведат до целосен прекин на односите меѓу двете земји.
Во меѓувреме, над 100.000 руски војници се распоредени од другата страна на границата со Украина, тврдат украинските извори. Ова беше причината САД да се закани со „доега невидени“ санкции за Русија доколку Украина биде нападната. Меѓутоа, Русија негира дека планира да ја нападне земјата и вели дека војниците се таму за вежби. Официјална Москва вели дека има право слободно да ги движи своите војници на своја, руска почва.
Кога ќе зборуваат пак најголемите светски лидери? На 12 јануари во Женева тие веројатно ќе се видат лице в лице во Швајцарија. Западот ќе треба да одговори на осумте барања на Русија за неширење на Алијансата и за ограничувања на вооружувањето, а веројатно и НАТО ќе има свои барања.