ЌЕ ЗЕМЕМЕ ЛИ ПЛАТА ДО УТРЕ? Голема гужва во УЈП откако цела недела не работи системот

Електронскиот систем на УЈП за поднесување плата не работи цела недела.

1,435

Големи редици за поднесување плата се создадоа денеска во Управата за јавни приходи (УЈП) откако цела недела не работи системот за електронско поднесување на платите.

Сметководителите се жалат дека од понеделникот не можат електронски да ги поднесат платите и дека не ги добиваат потребните декларации според кои можат да ја исплатат платата за декември, која вообичаено голем број фирми ја исплаќаат пред Нова година.






И минатиот месец сметководителите имале проблеми при електронското поднесување на платите. Тогаш од УЈП им било кажано дека се вршела надградба на системот.

Од УЈП побаравме одговори на прашањата зошто тоа се случува повторно овој месец. Оттаму ни рекоа дека ќе одговорат подоцна во текот на денот.

УЈП ВЕТУВА ДЕКА ДО УТРЕ СИСТЕМОТ ЌЕ ГИ „ПУШТИ“ ПЛАТИТЕ Скопската дирекција денеска и утре ќе работат до 19 часот

Поврзани содржини