ЌЕ ЗАГЛАВИ ЛИ АБАЗИ СО ДЕДОТО ХУСЕИНИ ЗА „БЕСА ТРАНС“? Незгоден конфликт на интереси може да ја компромитира истрага за големата трагедија

Новоизбраниот обвинител Абази е сопруг на ќерката на првиот инспектор за транспорт Руфат Хусеини, открива Алфа ТВ.

1,784

Новиот шеф на Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, Ислам Абази, се уште се нема огласено за наводите на Алфа ТВ дека сега ќе мора да истражува дали неговиот дедо има вина за автобуската несреќа на „Беса транс“ во Бугарија.

Новоизбраниот обвинител Абази е сопруг на ќерката на првиот инспектор за транспорт Руфат Хусеини, на кој неуспешните контроли во просториите на агенцијата му се редеа со денови по несреќата.






На 23 ноември минатата година, на автопатот „Струма“ во Бугарија, се запали автобус на компанијата „Беса транс“. Во трагедијата заинаа 44 патници, а 7 беа повредени.

Поврзани содржини