ЌЕ ВРНЕ И ЌЕ ГРМИ ОД ДЕНЕСКА ДО ПЕТОК Внимавајте, попладне е можен порој со силен ветер
Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот ќе има врнежи од дожд и услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од југоисточен правец. Температурата ќе се движи од 10 до 23 степени.
Времето денеска во целата земја ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд и услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец.
Минималните утрински температури ќе се движат од 5 во Берово до 10 во Скопје и во Гевгелија, а максималните дневни од 18 во Маврово и 23 Целзиусови степени во Гевгелија.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот ќе има врнежи од дожд и услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од југоисточен правец. Температурата ќе се движи од 10 до 23 степени.
В четврток нѐ очекува променливо облачно и топло со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има локални врнежи од дожд, наместа поројни проследени со појава на грмежи. Ќе дува умерен, долж Повардарието повремено засилен југоисточен ветер.
Минималните утрински температури ќе се движат од 6 степени до 12 степени, а максималните дневни ќе бидат во интервалот од 20 степени до 25 степени.
Метеоролозите за петок најавуваат променливо облачно и топло со локални врнежи од дожд, наместа поројни, проследени со појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец.
Минималните утрински температури ќе се движат од 8 степени до 13 степени, а максималните дневни ќе бидат во интервалот од 17 степени до 23 степени.