ЌЕ ВРНЕ ДОЖД И СНЕГ Студениот бран ќе трае до четврток

Температурите ќе се движат од минимални -5 до максимални 7 степени.

1,016

Времето денеска ќе биде облачно и студено со врнежи од дожд и снег во пониските места, а на планините и повисоките места од снег. Врнежите ќе бидат пообилни во западните и крајните источни делови каде на планините ќе се зголеми постојната снежна покривка, а помала снежна покривка ќе се формира и во некои од пониските места.

Ќе дува умерен до засилен јужен, а во текот на ноќта засилен северен ветер.






Температурите ќе се движат од минимални -5 до максимални 7 степени.

Во Скопје ќе биде облачно и студено со врнежи од дожд, а во повисоките делови од котлината врнежите ќе преминат во снег, особено попладне. Ќе дува умерен југоисточен, а во текот на ноќта повремено засилен северен ветер.

 

До четврток во земјата ќе се задржи променливо облачно, студено и ветровито време со локални врнежи претежно од снег, особено во среда. Потоа следува период на стабилно, суво и понатаму студено време.

Поврзани содржини