ЌЕ ВРНЕ ЦЕЛ ВИКЕНД Од понеделник снегот ќе се спушти во градовите

189

Под влијание на нов циклонски систем кој секундарно ќе се формира над Јонско Море до понеделник во Македонија ќе имаме многу променливо и поладно време со пад на температурите на воздухот и тоа поради продор на значително поладен воздух од север а повремено ќе засилува ветер од северен правец. Ќе имаме  и повремени локални врнежи од дожд на ниските места (градовите) и врнежи од снег на повисоките населени места  и на планините над 1.000 метри надморска височина.

Во недела попладне и навечер како и во понеделник врнежите од дожд ќе преминат во врнежи од снег и во повеќето пониски места (градови) каде што ќе има услови за формирање на мала снежна покривка а на планинските места  и на скијачките центри снежната покривка ќе се зголеми и ќе се прошири.






Повеќе за прогнозата на Славчо Попоски на следниот ЛИНК.

Поврзани содржини