ЌЕ ВРНЕ, АМА САМО НА ПЛАНИНИТЕ Сончев и топол ден, со малку облаци и ветер
Во Берово утринската температура ќе се спушти до 5 степени. Најтопло ќе биде во Скопје, Велес и во Гевгелија со температура до 34 степени.
Времето утре ќе биде сончево и топло, со мала до умерена облачност, најавува Управата за хидрометеоролошки работи.
Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне во планинските региони ќе има услови за краткотраен дожд и ретки грмежи.
Во Берово утринската температура ќе се спушти до 5 степени. Најтопло ќе биде во Скопје, Велес и во Гевгелија со температура до 34 степени.

Во Скопје утре времето ќе биде сончево и топло, попладне со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.
Во следните денови ќе преовладува претежно сончево и топло време со мала до умерена облачност.
Утре и во понеделник во попладневните часови во планинските региони ќе има услови за краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, а од вторник ветерот ќе го промени правецот во јужен.
Од четврток ќе има извесно зголемување на облачноста.
