ЌЕ ВОВЕДАТ ХЕМИСКА КАСТРАЦИЈА ЗА СИЛУВАЧИТЕ Британија со нова стратегија за спречување затворениците да го повторат делото
Министерката за правда Шабана Махмуд денеска изјави дека таканаречената хемиска кастрација ќе се користи во 20 затвори низ два региони на Обединетото Кралство. Таа нагласи дека оваа интервенција мора да оди рака под рака со психолошка поддршка.
Британските власти најавија нова мерка со која сексуалните престапници во дел од затворите ќе добиваат лекови за потиснување на сексуалниот нагон, со цел да се намали ризикот од повторно извршување на кривични дела и да се растовари притисокот врз затворскиот систем.
Министерката за правда Шабана Махмуд денеска изјави дека таканаречената хемиска кастрација ќе се користи во 20 затвори низ два региони на Обединетото Кралство. Таа нагласи дека оваа интервенција мора да оди рака под рака со психолошка поддршка.
– Од суштинско значење е овој пристап да се имплементира заедно со психолошки интервенции насочени кон други причини за извршување на овие злосторства – изјави Махмуд.
Истражувањата, според неа, покажуваат дека лековите за намалување на сексуалниот нагон може да го намалат ризикот од повторување на делото и до 60 проценти, иако не се ефикасни кај сите сторители.
Овој пристап веќе се применува во земји како Германија и Данска на доброволна основа, додека во Полска е задолжителен за одредени категории престапници.
Програмата за воведување на хемиска кастрација е дел од поголема ревизија на затворскиот систем што ја спроведе поранешниот министер за правда Дејвид Гоук. Тој предложи и други мерки како укинување на кратките затворски казни под една година (освен во исклучителни случаи како семејно насилство), како и побрза депортација на странски државјани осудени на казни под три години.
Новата министеркa Махмуд веќе ја одобри програмата на Гоук за предвремено ослободување на осудени лица, што исто така е дел од стратегијата за намалување на пренатрупаноста во британските затвори.