ЌЕ ВОДИМЕ ПОЗИТИВНА КАМПАЊА Мицкоски најави нова влада по локалните избори
Ние сакаме да излеземе на овие избори со една позитивна кампања, кампања на надеж, кампања која ќе понуди решенија за акутните проблеми за нашето општество, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Планираме да водиме позитивна кампања и не планираме да се занимаваме со тоа колку се лоши градоначалниците на СДСМ и на ДУИ, бидејќи тоа граѓаните многу добро го знаат и нема потреба да зборуваме за минатогодишниот снег, рече лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
– Ние сакаме да излеземе на овие избори со една позитивна кампања, кампања на надеж, кампања која ќе понуди решенија за акутните проблеми за нашето општество, пред сè тука мислам на борбата со криминалот и корупцијата, многу проекти, реализирање, остварување на проектите, отчетност, транспарентност и нормално, чесна и честита работа од сите нас – најави Мицкоски.
Тој рече дека граѓаните ќе добијат нова влада непосредно по локалните избори.
– Работењето на градоначалниците да биде репер и за оние кои менаџираат институции на државно ниво, иако јас се надевам дека после овие локални избори ќе имаме многу брзо нова влада која ќе одржи лекција како се работи чесно и како се бори против криминалот и корупцијата коишто се за жал акутна појава во македонското општество – истакна лидерот на опозицијата.