„ЌЕ ВИДИТЕ ШТО ЌЕ ВЕ СНАЈДЕ!“ Огнените Ганиу и Меџити пријавиле закани од заменик-директорот на Царина
Ганиу остро ги осуди заканите, за кои тврди дека ги добил од Муарем Асани, кој пред само два дена ја објави кандидатурата за претседател на огранокот на ДУИ во Општина Бутел.
Градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу, и пратеникот Изет Меџити, и двајцата членови на таканаречената „огнена група“, фркација на ДУИ, синоќа пријавиле закани кои, како што пренесе АлсатМ, им ги упатил Муарем Асани, заменик директор во Царинската управа и кандидат за претседател на огранокот на ДУИ во Општина Бутел, а инаку брат на Беќир Асани, кој на јавноста ѝ стана познат со случајот кога полицајка мораше да сведочи дека Асани не ја нападнал при рутниска контрола туку дека таа се удрила во „пајакот“ кој требало да го крене возилото на Асани.
Ганиу остро ги осуди заканите, за кои тврди дека ги добил од Муарем Асани, кој пред само два дена ја објави кандидатурата за претседател на огранокот на ДУИ во Општина Бутел.
Ганиу сведочи дека синоќа околу 20 часот добил повик од непознат број, а кој се преставил како Муарем Асани.
Тој вели дека се чувствува загрозено затоа што Асани му се обратил со зборовите: „вие и Изет Меџити ќе се најдете на улица, ќе видите што ќе ви се случи“, по што продолжил со сериозни навреди и закани, пренесе АлсатМ.
Како што објаснува Ганиу, заканите доаѓаат по неговата изјава дека изборите на претседателите на ограноците на ДУИ се нестатутарни.
Видеото на Алсат М на албански јазик погледнете го во продолжение: