ЌЕ ВИДИТЕ ДЕКА ТАЛАТ ЏАФЕРИ ЌЕ БИДЕ ПРЕМИЕР УШТЕ 2 ГОДИНИ! Ова е битка помеѓу Албанците и продолжената рака на Русија, рече Мендух Тачи

Ова не е битка меѓу нас и нив, туку е битка меѓу Албанците и продолжената рака на Русија. По 24 април ВМРО-ДПМНЕ ќе го смени пристапот, но ќе биде доцна – изјави лидерот на Демократската партија на Албанците.

3,773

Ви гарантирам дека Талат Џафери ќе биде премиер на државата уште две години, истакна лидерот на ДПА, Мендух Тачи по денешното потпишување на договорот со Европскиот фронт во Домот на културата во Тетово.

– Ова не е битка меѓу нас и нив, туку е битка меѓу Албанците и продолжената рака на Русија. По 24 април ВМРО-ДПМНЕ ќе го смени пристапот, но ќе биде доцна – изјави лидерот на Демократската партија на Албанците.






Лидерите на ДУИ Али Ахмети, на партијата на народот Скендер Реџепи – Зејд, на Европската демократска партија Аријанит Хоџа и на ДПА Мендух Тачи денеска го потпишаа договорот за создавање на Европскиот фронт, што претставува идеја и иницијатива на Ахмети и ДУИ.

Поврзани содржини