ЌЕ ВИ ТРЕБААТ И ЧАДОР И ВЕНТИЛАТОР Утре ќе биде многу топло, а попладне дожд и грмежи

УХМР најавува локални невремиња за вторник – до 38 степени во Гевгелија, но и опасност од интензивни атмосферски процеси.

440

Утрешниот ден (вторник) ќе донесе локален развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, предупредува Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Според метеоролозите, наместа процесите ќе бидат поинтензивни, па граѓаните се повикуваат на внимателност, особено во попладневните часови.

Температурите ќе бидат високи, и покрај нестабилноста. Минималната утре ќе се движи од 10°C во Берово до 19°C во Гевгелија, а максималната ќе достигне од 26°C во Маврово до дури 38°C во Гевгелија, што дополнително ќе ја зголеми метеочувствителноста.






Во среда и четврток ќе преовладува сончево и многу топло време со максимални температури кои локално ќе достигнуваат и до 39°C, а ќе има мала до умерена локална облачност, со зголемен ризик од топлотен бран.

Промена на времето се очекува во петок, кога ќе навлезе поспешна воздушна маса од север. Тоа ќе донесе променливо облачно, посвежо и ветровито време, со услови за локален дожд. Сепак, викендот ќе биде стабилен и топол, со повторен пораст на дневните температури.

Поврзани содржини