ЌЕ ВИ ТРЕБААТ 100 ГОДИНИ ДА ЈА ИСПРАВИТЕ ГРЕШКАТА КОН РУСИЈА Орбан вели дека Западот е несериозен со Москва

Ако имате таква држава и ја навредувате политички, се обидувате политички да ја изолирате, се обидувате економски да ја убиете, потоа со сите средства го поддржувате нејзиниот непријател, а потоа велите: „Не, не мислиме дека беше сериозно, вратете се и соработувајте со нас“, тогаш тоа нема да функционира со Русија, изјави унгарскиот премиер.

2,680

Унгарскиот премиер Виктор Орбан тврди дека ќе бидат потребни најмалку 100 години за да се исправат односите кои Западот ги расипал со Русија, нешто што според него е историска.

– Ако имате таква држава и ја навредувате политички, се обидувате политички да ја изолирате, се обидувате економски да ја убиете, потоа со сите средства го поддржувате нејзиниот непријател, а потоа велите: „Не, не мислиме дека беше сериозно, вратете се и соработувајте со нас“, тогаш тоа нема да функционира со Русија – изјави Орбан во интервју кај американскиот новинар Такер Карлсон на Минхенската безбедносна конференција






Според унгарскиот премиер, најголемата опасност за Западот е тоа што Москва е принудена да создаде посилни врски со Кина.

 

Поврзани содржини