ЌЕ ВИ СЕ СЛУЧИ НАРОД, НЕМОЈ ДА РЕЧЕТЕ ДЕКА НЕ СУМ ВИ КАЖАЛ Мицкоски со порака до членовите на Судскиот совет да не прават финти и да не бараат дупки во законот

Гледаме дека тераат инает, мислат дека со инает нешто ќе успеат да направат. Но, јас сум постојано со народот и го слушам народот како реагира. Јас само сакам да кажам дека доколку не постапат соодветно на одлуката на оние кои ги бираат, се плашам дека може да им се случи народ. Може да се случи народот да се самоорганизира да протестира, бидејќи тој народ е желен за правда, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

516

Јасно е дека мал дел од судиите и обвинителите се последниот браник на Владата на СДСМ и ДУИ. Јасно е дека тоа што го прават дел од членовите на Судскиот совет дека ги поддржуваат тие политики и тоа однесување. Исто така, јасна е и одлуката на оние ги изгласале тие членови на Судски совет, а тоа се пратениците во Собранието. Кога оние кои ви ја дале довербата ви гласаат недоверба, чесно е да не правите трикови и да си заминете.

Ова го изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски при посетата на Општина Ѓорче Петров заедно со вицепремиерот Александар Николоски и министерот за локална самоуправа Златко Перински.






– Гледаме дека тераат инает, мислат дека со инает нешто ќе успеат да направат. Но, јас сум постојано со народот и го слушам народот како реагира. Јас само сакам да кажам дека доколку не постапат соодветно на одлуката на оние кои ги бираат, се плашам дека може да им се случи народ. Може да се случи народот да се самоорганизира да протестира, бидејќи тој народ е желен за правда. Излеговме на избори, освоивме половина милион гласови и тоа е тоа. Нашата цел беше да донесеме правда за сите и во име на тоа, имам чувство, доколку дојде до протести, тој протест може да биде многуброен и поддржан лично од мене – рече Мицкоски.

На новинарско прашање дали лично смета дека со ваквите изјави прави преседан, односно врши притисок врз судската власт, Мицкоски рече дека само ја пренесува негативната вибрација кај граѓаните.

– Предупредувам на последиците од однесувањето на членовите на Судскиот совет. Да не биде после дека не сум кажал. Ако се сеќавате, во минатото имаше некои премиери кои користеа закани за да партизираат во судството. Нормално е народот да биде иритиран, а јас само ја пренесувам таа реакција. Гледам дека луѓето се вознемирени и загрижени. Децата не си одат поради економски причини, туку затоа што чувствуваат дека нема правда – порача премиерот.

Поврзани содржини