Ќе ви го одземат моторот ако му е истечена регистрацијата
Од крајот на декември, кога е започната примената на новите измени, досега во тетовскиот регион се одземени 15 возила поради истечена регистрација повеќе од 6 месеци. Возилата се одземаат на 90 дена.
Мерката за привремено одземање возило доколку регистрацијата е истечена повеќе од шест месеци ќе помогне во отстранување на голем број мотори кои се возат низ градските улици и со големи брзини и високо ниво на бучава. Ваква е проценката на полицијата околу воведување поголем ред со овие сообраќајни прекршоци.
Тони Ангеловски, портпарол и помошник министер за односи со јавност при МВР, од Тетово каде денес се спроведе нова засилена контрола во сообраќајот, истакна дека оваа мерка веќе е причина да се одземат возила.
– Но оваа мерка е, пред сè, да ни помогне во санкционирањето на моторите коишто ја вознемируваат јавноста особено кога е топло времето. Имаа елементи кои се недозволени. Оваа мерка дозволува таквите возила да ги заплениме и соодветно санкционираме. Во претходниот период можевме едноставно да ја пишеме казната и продолжува тој несовесен возач. Сега имаме многу поригорозна мерка којашто многу ќе придонесе за таа појава да ја снема од улиците во државата – истакна Ангеловски.
Од крајот на декември, кога е започната примената на новите измени, досега во тетовскиот регион се одземени 15 возила поради истечена регистрација повеќе од 6 месеци. Возилата се одземаат на 90 дена.