📽️ ЌЕ ВИ ГИ ЗЕМЕМЕ БАЗИТЕ, РАСПАЛИ АВСТРИЈА ПО ВАШИНГТОН Европски чизми веќе го газат Гренланд?
Во видеото што кружи на социјалните мрежи, Фелингер ја спомнал и подкастерката Кејти Милер, сопруга на советникот на Трамп, Стивен Милер, која претходно објавила слика од Гренланд покриен со американско знаме и натпис „Наскоро“. Тоа, според него, било капката што ја прелеала чашата.
Под поларниот мраз на Гренланд веќе чекорат европски чизми, известува Би-Би-Си. Петнаесет француски војници слетале во Нук, главниот град на островот, каде наскоро треба да им приклучат германски, шведски, норвешки, холандски и британски персонал во заедничка извидувачка мисија.
Американската намера да го стави Гренланд под своја контрола ја „запали“ Европа. Австрискиот политичар и претседател на комитетот за проширување на НАТО, Гинтер Фелингер, објави видео порака со отворено предупредување кон САД.
– Ако го земете Гренланд, ние ќе ги земеме сите бази – рече тој, додавајќи дека европските држави се подготвени да ја протераат американската војска од континентот.
Во видеото што кружи на социјалните мрежи, Фелингер ја спомнал и подкастерката Кејти Милер, сопруга на советникот на Трамп, Стивен Милер, која претходно објавила слика од Гренланд покриен со американско знаме и натпис „Наскоро“. Тоа, според него, било капката што ја прелеала чашата.
Fehlinger, chairman of the Austria Committee for NATO Enlargement, to US:
“If you take it, we will take every single [US] base from Aviano to Ramstein, from Romania to all the other military bases, will be confiscated and you will lost it.”
“If you go extreme, we go extreme” pic.twitter.com/aTUWmUBIGe
— Anonymous (@YourAnonCentral) January 6, 2026
– Ако го земете Гренланд, ние ќе ги земеме сите бази од Авијано до Рамштајн. Сите ваши воени позиции во Европа ќе бидат заземени, а Америка ќе ја изгуби својата моќ изградена по Втората светска војна“ – порачува Фелингер на снимката.
Тој додава со ладен тон:
– Без американски нуклеарен штит, без ваши сили, ќе управуваме сами со нашата одбрана. Ќе ги испратиме вашите момци дома во Чикаго и Охајо. Збогум. Вие одите екстремно, а ние ќе одиме исто толку екстремно. Бидете сигурни во тоа.
Европските најави за воено присуство на Гренланд доаѓаат по средбата на претставници на Данска и на САД во Вашингтон. Разговорите, според данскиот министер Ларс Локе Расмусен, биле конструктивни, но „фундаменталните несогласувања“ останале да висат меѓу двата брега на Атлантикот.
Расмусен смета дека Гренланд не треба да биде во американска сопственост и дека Данска и Гренланд можат сами да се справат со евентуални безбедносни ризици.