ЌЕ ВИ БИДАМ ПРИЈАТЕЛ И НАЈГОЛЕМ КРИТИЧАР Мицкоски им се обрати на градоначалниците

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека големата доверба на граѓаните треба да се почитува.

738

Заборавете на привилегиите кои ги носи функцијата, засукајте ги ракавите и од утре на работа! Вашите фотелји заменете ги со излегување на терен, работа со граѓаните и носење решенија на нивните проблеми. Заборавете на матни тендери и договори во четири очи. Никогаш не заборавајте од каде доаѓаме!

Ова денеска им го кажа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на градоначалниците од неговата партија.






Тој додаде дека од него можат да очекуваат пријателство, но и критика.

– Јас ќе бидам вашиот најдобар пријател, но и најостриот критичар. Овој народ заслужи и мора да види разлика и резулати. Тие луѓе мора да знаат дека стојам зад секој мој збор. Имаме многу работа пред нас и резулатати да испорачаме. Не смееме да изневериме. Ова е огромна доверба и мора да знаеме да ја почитуваме – рече Мицкоски.

 

 

Поврзани содржини