ЌЕ ВЕРУВАМ САМО ВО КОНКРЕТНИ РЕЗУЛТАТИ Зеленски ги коментираше мировните преговори со Русија

Тој рече дека сигналите од преговорите може да се наречат позитивни, но „овие сигнали не ги намалуваат експлозиите на руските гранати“. Украинскиот претседател вели дека ќе верува само во конкретни резултати.

382

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вечерва ги коментираше денешните мировни преговори со Русија во Истанбул.

Тој рече дека сигналите од преговорите може да се наречат позитивни, но „овие сигнали не ги намалуваат експлозиите на руските гранати“. Тој вели дека ќе верува само во конкретни резултати.






Русија претходно најави дека драстично ќе ја намали воената активност насочена кон Киев и Чернихив. Сепак, САД тврдат дека руските трупи кои се оддалечуваат од двата града само се прераспоредени во другите делови на Украина.

Поврзани содржини