ЌЕ ВЕ УБИВААТ ЕДЕН ПО ЕДЕН ДОДЕКА ПУТИН Е НА ВЛАСТ Зеленски им упати порака на Русите

441

Украинскиот претседател Володимир Зеленски  во новата ноќна порака изјави дека Русите ќе бидат убивани еден по еден се додека на власт е рускиот претседател Владимир Путин, кој ја нареди инвазијата врз Украина.

– Додека сите вие ​​самите не го решите проблемот од кој почна сè, што ја почна оваа бесмислена војна против Украина, ќе бидете убивани еден по еден, станувајќи жртвени јарци, бидејќи не признавате дека оваа војна е историска грешка за Русија – рече Зеленски во своето редовно ноќно обраќање.






Украинскиот претседател додаде дека наскоро армијата, која од вчера го контролира градот Лиман, во регионот Доњецк, што е под руска контрола, ќе поврати и други градови во регионот.

– Во текот на неделата над Донбас се вееја нови украински знамиња, а следната недела ќе ги има уште повеќе – додаде Зеленски.

Поврзани содржини