ЌЕ ВЕ СУДИМЕ СЕКОЈ ДЕН! Судијата Трпков решен итно да го заврши „Плацеви на Водно“
Пред да го одложи судењето поради отсуството на адвокатот на Камчева, судијата Илија Трпков праша дали наместо нејзиниот ќе ја застапува некој од присутните адвокати на другите обвинети, меѓу кои и тие на нејзиниот син Јордан Камчев.
Судењето за случајот „Плацеви на Водно“ се одложи за 10 септември поради отсуство на бранителот на обвинетата Ратка Камчева, кој судечкиот совет го известил дека треба да присуствува на јавна седница во друг предмет.
Пред да го одложи судењето поради отсуството на адвокатот на Камчева, судијата Илија Трпков праша дали наместо нејзиниот ќе ја застапува некој од присутните адвокати на другите обвинети, меѓу кои и тие на нејзиниот син Јордан Камчев.
– Притворски е предметов. Вашиот син овде има 15 адвокати. Ако нема кој да ве застапува, судењето го закажувам за десетти, за два, за три месеци, ваши се правата и тие ќе бидат испочитувани. Но, од тој ден натаму, за овој предмет ќе судиме секој ден – рече Трпков, пренесе СДК.
Денеска обвинителката Лиле Стефанова требаше да почне со презентација на материјалните докази, па потоа да се прејде на сослушување на сведоците.
Претходното рочиште, пак, кое требаше да се одржи на 30 август, беше одложено поради тестирање за ковид-19 на обвинителката Стефанова.
Според обвинението, Никола Груевски е обвинет за делата „перење пари и за противправно стекнување и прикривање на имот“, неговиот кум Ристо Новачевски, бизнисмените Ненад Јосифовиќ, Јордан Камчев и Ратка Куновска Камчева се товарат за „перење пари“, а поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, е обвинет за „помагање при кривично дело перење пари и други приноси од казниво дело“.