ЌЕ ВЕ ПОБЕДИМЕ! Арсовска им порача на Заев и на Шилегов дека е готово (ВИДЕО)

Една порака и до предводниците на црната кампања – треба да знаете дека скопјани го имаат последниот збор, добив илјадници пораки и повици за поддршка да не се откажувам бидејќи проектите за скопјани ќе победат а не црната кампања, рече Арсовска.

793

Ќе ве победиме! Готово е! Сега јасно и гласно кажувам, сѐ што кажавте досега е лага. И вие тоа го знаете, ама сакате да продолжите со вашата црна кампања бидејќи немате со што друго, рече кандидатката за градоначалник на Скопје Данела Арсовска во нејзиното видео обраќање до јавноста на крајот од кампањата за вториот круг на локалните избори.

– Последниве денови сме сведоци на силна црна кампања против мене и моето семејство. Еве на крајот од оваа кампања сакам да ви се обратам директно и искрено вам, дека јас, Данела Арсовска ја побарав вашата поддршка како човек без ниту една дамка во животот и таа поддршка ја добив. Јас за разлика од моите противници не направив никаква негативна кампања за нив. Немам потреба од такво нешто, бидејќи локалните избори треба да бидат борба на идеи и проекти на ниво на градот. За жал, овие избори некој ги направи извор на лажни вести и црни кампањи. Најавија дека сега повторно ќе бидат предмет на напади мојот татко, мајка, сопруг и дете. Тоа е и напад врз мене како нечие дете, нечија сопруга, нечија мајка. Никој не заслужува ваква црна кампања, никој не заслужува да биде предмет на монтажи, фалсификати и продуцирани видеа за да се исмеваат со некого. Никој во оваа земја не заслужува да биде понижуван и навредуван. Затоа што тој што тоа го прави покажува ароганција и слабост. Затоа што тој што тоа го прави сака да ги скрие своите криминали и да избегне одговорност – рече таа.






Таа нагласи дека сѐ што досега е кажно против неа е лага.

Сега гледам право во нив, моите противници, бидејќи сега се двајца и градоначалникот во заминување и премиерот во заминување со порака – Ќе ве победиме! Готово е! Сега јасно и гласно кажувам – сѐ што кажавте досега е лага. И вие тоа го знаете, ама сакате да продолжите со вашата црна кампања бидејќи немате со што друго. Едниот мој противкандидат е познат по тоа што ги излажа скопјани и во 4 години оствари само 5% од ветените проекти. А другиот по тоа што континуирано се пазари со македонските национални интереси. Јас кажав дека лажат, побарав извинување, а добив нови напади и закани за мене и моето семејство – рече Арсовска.

Таа нагласи дека во животот победила многу пострашни битки и дека ќе победи и сега бидејќи не е човек што се откажува.

– Колку е само очајно и тажно наместо да се бориш со квалитет и проекти да се бориш со лаги. Една порака и до предводниците на црната кампања – треба да знаете дека скопјани го имаат последниот збор, добив илјадници пораки и повици за поддршка да не се откажувам бидејќи проектите за скопјани ќе победат а не црната кампања. Драги мои скопјани, мора да ставиме крај на поделбите. Мора да ставиме крај на лошото менаџирање на градот. Скопје заслужува повеќе од ова што сега му се случува. На нивната омраза ќе одговориме со нова надеж, промени, добри дела и одговорна работа. Промените е тука, да се здружиме сите за модерно и поубаво Скопје – порача Арсовска во своето видео обраќање.

Поврзани содржини