Ќе вадиме ли и имунолошки пасош пред летување во странство, сѐ уште енигма
Дилемите се кој е протоколот што ќе се земе како валиден и колку дена тестот ќе се смета за валиден? - рече Филипче.
Евентуалниот имунолошки пасош и дали и кој ќе го издава по отворање на границите и аеродромите и дали сите ќе се тестираат за ковид-19 пред да излезат од државата, беше едно од прашањата за министерот Филипче денеска.
– Актуелно е многу ова прашање , бидејќи секоја земја сака да се заштити. Но нема консензусза ова. Делумно дискутиравме и на состанокот на Светската здравствена организација, но тоа е како размислуваат некои поединечни земји. Дилемите се кој е протоколот што ќе се земе како валиден и колку дена тестот ќе се смета за валиден? – рече Филипче и запраша каква е гаранцијата дека од земањето на тестот, па се до влез во некоја земја, некој веќе не се заразил.
– Има многу отворени прашања, а ние разговаравме на Комисијата и сметаме дека голема вредност за сигурноста не може да има, но отворени сме и за нашите граѓани коишто би патувале во странство, но и за странци кои ќе дојдат, ако на ова ќе пристапат повеќе земји. Уште нема консензус за ова и ние немаме став – рече Филипче.