„ЌЕ УСПЕЕМЕ ЗАТОА ШТО НЕ НИ СМЕТА МАЧЕНИШТВОТО“ Хезболах ќе избере нови лидери, вели заменикот генерален секретар на групата
Пожртвувавме многу од пејџерските операции и мачеништвото на водачите и мачеништвото на водачот. Ако ова се случи на друго место, овие организации ќе пропаднат, но ние не. Одиме понатаму и покрај болките и жртвите, вели заменик-генералниот секретар на групата.
Хезболах ќе продолжи да се бори до целосна победа, изјави заменик-генералниот секретар на милитантната група од Либан, Наим Касем, пренесува „Гардијан“. Секоја друга организација би пропаднала, но ние „го сакаме мачеништвото“, рече тој во обраќање до јавноста.
– Сите сме таму на терен и покрај загубата на некои лидери и Хасан Насрала главна цел, и покрај агресивните напади врз сите цивили во Либан, и покрај жртвите и акциите кои имаат за цел да создадат хаос во нашиот фронт. Ќе останеме таму. Ќе бидеме цврсти. Ќе го продолжиме исламскиот отпор. Ќе продолжиме да се соочуваме со израелскиот непријател во поддршка на Палестина и Газа и во одбрана на нашиот либански народ – вели Касем.
Toj не објави замена за ниту една од високите личности кои неодамна беа убиени од Израел, но рече дека се работи на случајот. Тој рече „во нашата хиерархија имаме заменици за сите команданти. Имаме други алтернативи во случај лидерот да биде убиен или повреден“.
Во меѓувреме на социјалните мрежи се појави снимка и шпекулација дека братучедот на Насрала, Хашем Сафиедин, бил заколнат за нов лидер.
BREAKING:
Hezbollah has sworn in its new leader.
Hashem Safieddine is Nasrallah’s cousin.
His son is married to the daughter of the former Quds Force leader Qassem Soleimani who was assassinated in a strike ordere by Trump.
How many hours does Safieddine have? pic.twitter.com/IsLGxlJagI
— Visegrád 24 (@visegrad24) September 29, 2024
Според заменик-диракторот на Хезболах, пак, ќе биде избран нов генсек на Хезболах, според постоечките механизми. Тој вели дека групата нема да се откаже бидејќи има надеж во Семоќниот Алах.
– Пожртвувавме многу од пејџерските операции и мачеништвото на водачите и мачеништвото на водачот. Ако ова се случи на друго место, овие организации ќе пропаднат, но ние не. Одиме понатаму и покрај болките и жртвите. Одиме понатаму затоа што имаме надеж и веруваме на Семоќниот Алах да биде победник. Ние сме луѓе на џихадот – вели тој.
Заменик-генералниот секретар се пофали и со дострелот на ракетите Хезболах до Израел и нивната способност да гаѓаат места како Хаифа и рече дека само еден проектил предизвикал голем број Израелци да ги напуштат своите домови.