Ејуп Рустеми ќе раководи со ЈП за државни патишта

Информацијата ја потврди премиерот Зоран Заев кој рече дека на денешната седница Владата треба да назначи и други директори.

900

Еуп Рустеми, досегашен директор на „Пошта“, ќе замине на диркеторското место на Јавното претпријатие за државни патишта, соопшти денеска премиерот Зоран Заев по меѓународната научна конференција за македонскиот јазик во институтот „Крсте Мисирков“.

Досега прв човек во ЈП за државни патишта беше кадарот на СДСМ, Зоран Китанов.






– На денешната седница Владата би требало да назначи директори и на други претпријатија или институции. Дел од одлуките ќе бидат донесени денеска. Дел ќе бидат донесени одлуки за распишување на конкурс бидејќи има институции кои своите раководни места ги бираат на конкурс. Има и дел од одлуки со кои ќе се дадат јасни упатства на управни и надзорни одбори поставени од Владата за политичко постапување на раководни места  – рече Заев.

Тој очекува процесот да заврши за две недели.

Претходно беше соопштено дека Поштата преминува во „рацете“ на СДСМ, од каде што треба да дојде човекот кој ќе раководи со оваа институција во пресрет на процесот за нејзино приватизирање, односно јавно-приватно партнертво.

 

Поврзани содржини