„ЌЕ УЧЕСТВУВАМЕ НА ЈАВНИОТ ПОВИК ЗА УНИВЕРЗАЛЕН СНАБДУВАЧ И ЌЕ ПОНУДИМЕ ЕВТИНА СТРУЈА ЗА ГРАЃАНИТЕ“ Компанијата ЕДС очекува фер и транспарентна постапка

„Јавноста треба да знае дека нашата понуда ќе биде многу конкурентна и со значително пониска маржа. Не сакаме да веруваме дека со политичка одлука може да се спречува поевтина струја за граѓаните“, вели директорот Милтиадес Бабилис во интервју за Фактор.

1,243

Компанијата Енерџи деливери солушнс (ЕДС) ќе учествува на јавниот повик што го распиша Владата за избор на универзален снабдувач со електрична енергија во земјава, открива во интервју за Фактор Милтиадес Бабилис, главен извршен директор на оваа компанија, која пред пет години беше купена од грчката компанија ППЦ.

– Иако станува збор за релативно млад пазар, кој што сѐ уште се соочува со почетни предизвици, очекуваме целата постапка за избор на нов универзален снабдувач за домаќинствата и за малите потрошувачи да биде транспарентно спроведена, со почитување на начелата за фер конкуренција и да биде донесена одлука од која што најголема придобивка ќе имаат граѓаните. Јавноста треба да знае дека нашата понуда ќе биде многу конкурентна и со значително пониска маржа. Не сакаме да веруваме дека со политичка одлука може да се спречува поевтина струја за граѓаните. Без да звучам претенциозно, важно е да се знае дека фактичката состојба упатува на заклучокот дека во извесна смисла ЕДС на одреден начин ги субвенционира дел од државните и општинските институции, како и целата економија – вели Бабилис.






Директорот на ЕДС вели дека и како компанија и како тим се комплетно подготвени да одговорат на оваа одговорна улога во државата, како и дека целосно ги исполнуваат условите, а зад нив стои и активата на ППЦ, која, како што објаснува, е најсилен регионален играч на пазарот со електрична енергија.

– Еден од условите на јавниот повик за избор за универзален снабдувач со електрична енергија на регулираниот пазар е работен капитал од 40 милиони евра. Согласно законите за јавни набавки и енергетика, зад ЕДС стои корпоративниот углед, но и активата на ППЦ – вели Бабилис.

Поврзани содржини