Е ТОА Е ИСТРАГА, ПО 65 ГОДИНИ ИДЕНТИФИКУВАНО УБИЕНО ДЕТЕ Властите во Филаделфија продолжуваат да трагаат по убиецот

Детето било пронајдено мртво, завиткано во ќебе во картонска кутија во шумска област во североисточна Филаделфија на 25 февруари 1957 година.

845

Повеќе од 65 години откако дете на околу петгодишна возраст било пронајдено мртво во Филаделфија, истражните власти на САД објавија дека со помош на ДНК-анализа успеале да го откријат неговиот идентитет, објавија американски медиуми.

Случајот познат како „Дете во кутија“ е најстарото нерасчистено убиство во Филаделфија. Детето било пронајдено завиткано во ќебе во картонска кутија во шумска област во североисточна Филаделфија на 25 февруари 1957 година.






Националниот центар за исчезнати и експлоатирани деца тогаш објави дека дека момчето имало неколку лузни на телото и дека косата му била насилно исечена. Се проценува дека момчето било на возраст меѓу четири и шест години. Детето тежело околу 13 килограми и било неухрането, потсетува Си-ен-ен.

– И покрај бројните обиди да се идентификува детето низ годините, идентитетот на момчето остана мистерија. Преку детективска работа и ДНК анализа, полицијата конечно успеа да го идентификува детето – соопшти полицискиот оддел во Филаделфија.

Полицијата не го објави името на момчето и соопшти даека продолжува истрагата по убиецот на детето. Распишана е награда од 20.000 долари за информација која ќе доведе до решевање на случајот.

Поврзани содржини