„ЌЕ ТИ ГО УБИЕМЕ ЦЕЛО СЕМЕЈСТВОТО“ Првата ѕвезда на Грција добива сериозни смртни закани од турски навивачи

Семејството на една од најпознатите кошаркарски фигури на Евробаскетот направи јавна реакција поради заканите; засега непознато дали е пријавено во полиција.

1,281

Првата ѕвезда на Грција, Јанис Адетокумбо, и неговото семејство по завршувањето на овогодинешниот Евробаскет, доживеаја голема непријатност и нешто што ги вознемири.

Адетокумбо и неговата сопруга Мараја добија застрашувачки закани, а Мараја објави една на Инстаграм






„Ќе ви го убиеме целото семејство. Ќе бидете во страв каде и да одите“, пишува во пораката испратена до Марија од навивач на турската репрезентација.

– Бидејќи сакате приватно да ме контактирате, сега јавно ќе му кажам на целиот свет кој сте. Честитки до турската репрезентација за медалот, имате одличен тим! Но, ваквото однесување е неприфатливо. Се надевам дека оние што оставаат вакви коментари и испраќаат одвратни пораки до моето семејство се горди на себе – рече Мараја.

До моментот на објавата на оваа вест нема официјална информација дали Адетокумбо или членовите на семејството поднеле пријава до полиција или дали социјалните мрежи веќе презеле мерки против профилот од кој потекнува заканата. Во вакви случаи се очекува соработка со надлежните служби и брза реакција од платформите кои ги хостуваат содржините.

Поврзани содржини