ЌЕ ТЕ ЗАДАВАМ СО РАЦЕ, БАБО Заканувачки пораки кои Северина ѝ ги праќала на директорката на училиштето каде учи син ѝ
Според „Национал“, Клингер казнено ја пријавила Северина поради овие СМС-пораки.
Хрватскиот неделник „Национал“ објави скандалозни СМС -пораки кои, како што тврдат, пејачката Северина, во жарот на битката за старателство над нејзиниот син, ѝ ги испратила на Љиљана Клингер, директорка на основното училиште во кое момчето учи.
Според „Национал“, Клингер казнено ја пријавила Северина поради овие СМС-пораки. Таа подоцна се обратила до министерот за внатрешни работи Давор Божиновиќ, истакнувајќи дека по нејзините пријави полицијата не направила – апсолутно ништо.
„Сериозно се плашам за мојата безбедност, ве молам помогнете ми, бидејќи наместо да ја предупредиме дамата, да не мораме да испраќаме телеграми со сочувство“, напиша Љиљана Клингер во обраќањето до министерот Божиновиќ.
Ова се пораки за кои „Национал“ тврди дека Северина ѝ ги праќала на Клингер.
„Би те задавила со раце, бабо“, „Стара грда бабо“, „Ќе седиш и ќе трепериш кривонога, како што јас треперев кога ми го малтретираше детето“, „Стара бабо, викни го донаторот кој те вовлече во проблем. Едвај чекам да те уапсат и животот да го поминеш како што заслужуваш“, ова се само дел од пораките кои Северина ги праќала на Љиљана.