ЌЕ ТЕ РАЗОТКРИЈАМ Манекенка со закани кон Меланија, таа остро ги негира врските со Епстин

Поранешна манекенка јавно ѝ се закани на Меланија Трамп со разоткривање за наводни врски со Епстин. Првата дама на САД, пак, категорично ги отфрли обвинувањата и негира каква било поврзаност.

592

Поранешна манекенка од Бразил јавно ѝ се закани на Меланија Трамп со „разоткривање“ за наводни врски со сексуалниот престапник Џефри Епстин. Првата дама на САД категорично ги отфрли сите обвинувања и нагласи дека никогаш не била дел од неговите активности.

Аманда Унгаро објави серија пораки на социјалната мрежа Икс. Во нив директно ја напаѓа Меланија.






„Ќе го уништам твојот корумпиран систем, дури и ако тоа е последното нешто што ќе го направам“, напиша таа.

Во друга објава најави и правни чекори.

„Никогаш не сум била на островот“

Само еден ден претходно, Меланија Трамп ги негираше сите наводи.

– Лагите што ме поврзуваат со Џефри Епстин мора да престанат – изјави таа.

Таа нагласи дека никогаш не била дел од неговиот круг.

– Никогаш не сум била во неговиот авион ниту сум го посетила неговиот остров – додаде таа.

Според неа, со актуелниот американски претседател и нејзин сопруг Доналд Трамп се запознала во 1998 година, а Епстин го сретнала дури подоцна на јавен настан.

Обвинувања и лична приказна

Манекенката тврди дека ја познава Меланија со години. Во објавите наведува лични детали од минатото.

Таа, според медиумите, била депортирана во Бразил по апсење за измама.

Американските служби посочиле дека престојувала со истечена виза.

Стар конфликт и нова ескалација

Случајот повторно го отвори прашањето за контактите на јавни личности со Епстин.

Во приказната се споменува и агентот Паоло Замполи, кој тврди дека токму тој ги запознал Меланија и Доналд Трамп.

– Подготвен сум да сведочам и да ја кажам вистината – изјави Замполи.

Скандалот се разгорува во момент кога темата за Епстин повторно добива внимание во јавноста.

Поврзани содржини