ЌЕ СТАНЕ ЛИ БУГАРИЈА ПРОРУСКА АКО РАДЕВ ПОБЕДИ НА ИЗБОРИТЕ? Можни се значајни промени во бугарската надворешна политика

Ставот на Радев за војната во Украина остро се разликува од оној на претходните влади. Поради оваа причина, аналитичарите и противниците честопати го нарекуваат проруски, анализира Еуроњуз.

206

Појавата на нова политичка партија предводена од сега веќе поранешниот претседател Румен Радев би можела значително да ги преобликува не само внатрешните работи на Бугарија, туку и нејзината надворешна политика. Ова се наведува во анализата на Еуроњуз по повод оставката на бугарскиот претседател Радев и најавите дека ќе почне нов политички проект само два месеца пред следните предвремени парламентарни избори во земјата во политичка криза.

„Ставот на Радев за војната во Украина остро се разликува од оној на претходните влади. Поради оваа причина, аналитичарите и противниците честопати го нарекуваат проруски. Во својот говор во понеделникот, Радев се осврна и на ова прашање, наведувајќи: Во име на својата политичка иднина, некои политичари го ставаат во опасност мирниот живот на Бугарите во услови на опасна војна близу нашите граници, па дури и се борат против граѓанскиот и етничкиот мир, кој вие и јас ќе го зачуваме и покрај нивните провокации“, пишува Еуроњуз.






Неколку недели пред Бугарија да го усвои еврото, кое е во употреба од 1 јануари 2026 година, Радев повика на референдум за усвојување на единствената европска валута, но парламентот го отфрли.

– Конечниот раскол меѓу Бугарите и политичката класа дојде со одбивањето на Народното собрание да одржи референдум за датумот на воведување на единствената европска валута. Народните претставници му го одзедоа на народот правото на избор – рече Радев.

Бугарскиот претседател вчера објави дека поднесува оставка од функцијата шеф на државата, додавајќи дека денеска и формално ќе ја достави до Уставниот суд.

Радев беше претседател на Бугарија 9 години. Шпекулациите дека ќе влезе во парламентарната трка и ќе се кандидира за премиерската функција постојат веќе некое време и беа потврдени вчера.

Бугарија е парламентарна република, а управувањето со државата е во рацете на Парламентот, Советот на министри и на премиерот.

– Прашањата овде се: зошто постигнувањето на овие цели не донесе стабилност и задоволство; зошто Бугарите престанаа да гласаат; зошто не се потпираат на правосудниот систем и не им веруваат на медиумите; зошто граѓаните двапати ги преплавија плоштадите; зошто, во европска Бугарија, голем процент од луѓето се чувствуваат сиромашни, а уште повеќе живеат во несигурност – праша Радев.

Тој го обвини моделот на управување „кој има надворешни карактеристики на демократија, но функционира преку механизмите на олигархијата“.

За време на неговиот мандат како претседател, Радев мораше да назначи 7 привремени влади поради долгогодишната политичка криза и неможноста на партиите да формираат стабилно мнозинство.

Пред само неколку недели, земјата беше потресена од најголемите протести од 1990-тите, првично предизвикани од противењето на нацрт-буџетот, но подоцна ескалираа во барања за оставки – повлекување од политиката на клучни политички личности како што се поранешниот премиер Бојко Борисов и Делјан Пеевски, наведува Еуроњуз.

РУМЕН РАДЕВ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА Претседател на Бугарија ќе биде Илијана Јотова

 

Поврзани содржини