Славниот актер во интервју за „Инстајл“ изјави дека по појавувањето во „Игра на троновите“ во 2011 година, бил целосно без пари.
Актерот Џејсон Момоа (41) изјавил нешто што многу актери го премолчуваат: „Моето семејство и јас гладувавме после мојата улога во „Игра на тронови“. Долго време не можев да најдам работа, а многу е непријатно кога дома имаш бебе и си должен“.
Кога се приклучил на составот на „Игра на тронови“ во првата сезона, тој имал куќа во Лос Анџелес со сопругата Лиза Бонет и нивните две деца. И додека серијата станала сензација, неговиот лик Кал Дрого беше убиен по само 10 епизоди. Одеднаш, Момоа вели дека не можел ниту да ги плати сметките на своето семејство. По таа улога долго време ништо не работел, па бил во тешка финансиска ситуација. Со месеци се борел да ги плати сметките за станот во Лос Анџелес во кој живеел со сопругата Лиса Бонет и нивните две деца – Лола (13) и Никоа Волф (11).
Додека неговите колеги доживувале огромен успех за време на прикажувањето и снимањето на „Игра на тронови“, Џејсон Момоа поминувал низ тежок период од животот, бидејќи ликот кој го толкувал починал во првата сезона од серијата, во 2011 година.
Само неколку години по таа улога, Џејсон бил забележан во Холивуд, па го толкувал главниот лик во филмот „Аквамен“, потоа и во филмот Бетмен против Супермен, за во 2019 година да го позајми гласот за ликот од Лего филмот: Втор дел.
И денес Момоа стравува за неговата кариера.
– Сè уште се чувствувам како изгубено дете кога ќе си го видам името покрај имињата на славните актери – признал тој.