Министерот за здравство Венко Филипче на прес-конференцијата информираше за двете родилки кои биле донесени на Клиниката за гинекологија (ГАК).
– Второротка од Куманово на возраст од 27 години, која на 30 март е примена во вечерните часови со намалена плодова вода е породена со царски рез. Пациентката е породена по патеката за изолација, бидејќи била суспектна за коронавирус. На тоа укажуват податоци од матичниот лекар, брисот е стигнат на 31 март и е позитивен. Родено е машко новороденче, кое сега е на интензивна нега. Бебето е изолирано, не е на респираторна машина и денес ќе му биде земен брис иако ретко има вертикален пренос од страна на мајката – рече Филипче.
Тој објасни дека пациентката немала температура, но дека член од семејството имал симптоми на коронавирусот.
– Другатa родилка е донесена попладне, вчера со високо температура од Охрид со констатиран мртов плод. Направени се целосно анализи, земен е брис за коронавирус, лекарите го извадија плодот и е отргнат и гној, кој може да биде причина за фебрилност, но сепак се уште се чекаат резултатите од брисот. За време на интервенцијата се влошила состојата, направен е обид за реанимација, но во 22 часот е констатирана смрт. Ќе биде направена обдукција. Пациентката била со прекумерна тежина, висок крвен притисок и тахикардија – рече Филипче.
Тој информира дека двете родилки се третирани според протоколот за изолација во ГАК, која е институција која ги породува и третира сите родилки.
За пациентката која во неделата наутро почина во болница во Струга, а на која постморум и е земен брис, Филипче рече дека е позитивен на Ковид-19. Тој информира дека се чека резултатот на пациентот од Битола.